Србија: Смртни закани до двајца новинари

    0
    223

    Истражувачкиот новинар Слободан Георгиев и критичкиот и хумористичен телевизиски водител Иван Ивановиќ добија смртни закани од ист профил на Твитер. Полицијата веднаш постапила и го уапсила лицето што стои зад тие напади.

    На 12 мај до новинарот на БИРН и неделникот Време, Слободан Георгиев, беше испратена порака во која се вели дека ќе ја сподели судбината на Чурувија. Славко Чурувија беше убиен од страна на српските припадници на државната безбедност во 1999 година. Иван Ивановиќ доби порака во која се вели: Твојата сопруга и ќерка ќе бидат убиени. Да живее СНС. Бидејќи информациите станаа вирални, Министерот за внатрешни работи Стефановиќ најави дека нема да се толерираат никакви закани. Набргу подоцна лицето кое ги испратило заканите било уапсено.

    „Ја поздравуваме брзата реакција на властите. Сепак, Георгиев, Ивановиќ и многу други професионални новинари и претходно се соочија со бројни смртни закани. Тие допрва треба да бидат решени“, – рече Жељко Бодрозиќ, претседател на НУНС и објасни дека заканите секогаш следеле по етикетирањето од страна на државните службеници и кампањи од провладините медиуми. „Овој пат надлежните покажаа дека можат да дејствуваат професионално, да идентификуваат извори на закани и да ги апсат. Сега кога знаеме дека тоа е возможно, силно апелираме ваквиот ефикасен пристап да се користи и во иднина при истрагите за сите закани кон новинарите“, рече тој.

    Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите – „SafeJournalists.net“ – која претставува повеќе од 8.200 членови, се придружува на нејзината членка НУНС во поздравувањето на брзата реакција на српските власти. Исто така, ја споделува својата загриженост во врска со пристапот на властите кон безбедноста на новинарите. Со регистрирани 259 инциденти против новинари од почетокот на 2015 година, Србија е црн шампион во регионот.

    SafeJournalists.net ги повикува српските државни службеници да се смират, да не придонесуваат за непријателското опкружување во кое работат новинарите и да им дадат поддршка на јавните обвинители да ја извршуваат својата должност на највисоко ниво и да ги расчистат сите случаи на закани против новинарите.

    SafeJournalists.net ќе ги информира релевантните национални и меѓународни заинтересирани страни за овие два случаи.

    Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 16.05.2020 година

    Здружение на новинари во БиХ

    Синдикат на медиуми на Црна Гора

    Здружение на новинари на Хрватска

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинарите на Македонија

    Независно здружение на новинари на Србија