SafeJournalists: Албанскиот новинар Елвис Хила приведен од страна на полицијата

    0
    11
    Elvis Hila, photo: exit.al
    Elvis Hila, photo: exit.al

    Локалната полиција во Албанија го привела новинарот Елвис Хила од Report.TV News Channel, додека тој известувал за уривање на зграда од страна на државните власти и покрај тоа што јасно истакнал дека е новинар на задача. Тој бил ослободен откако присутните новинари извршија притисок врз полицијата.

    На 17 јуни, Хила го снимал уривањето од страна на Националниот инспекторат за заштита на територијата на локална плажа во Лежа, Албанија. Хила објави дека полицајците во Лежа му пристапиле додека тој снимал со неговиот телефон барајќи од него да се легитимира. Откако Хила изјавил дека е новинар, полицискиот службеник му го одземал телефонот од неговите рацете, извикувајќи „Каков новинар сте вие?!?“. Тој беше приведен во полициското возило во близина на местото за рушење и последователно е ослободен поради притисок од страна на другите присутни новинари.

    – Нивната цел беше да ме спречат да ги снимам судирите меѓу инспекторатот, полицијата и сопствениците на дивоградбите. Јас го снимав насилството врз една постара жена која се спротивставуваше на рушењето на нејзиниот објект – рече Хила во изјава за „ Reporter.al “. И покрај тоа што телефонот му бил вратен, тој понатаму не бил во можност да ги снима настаните.

    Блеријана Бино, истражувач од мрежата „ SafeJournalists “ објави дека Министерството за внатрешни работи и полицијата допрва треба да се изјаснат во врска со притворот на Хила и причините за тоа. Како што пренесува Бино, по реакцијата на новинарските здруженија и жалбата поднесена од Хила, Службата за внатрешна контрола започнала истрага и го земала во предвид сведочењето на новинарот и полициските службеници присутни на местото на настанот.

    – Акциите на полицијата кон новинарите и медиумските работници кои се на должност, особено во напнати ситуации, вклучуваат притисоци и отворено непријателство. Вербалниот напад, запленетата опрема, притворот и други форми на заплашување се нормализираат. Ваквата нормализација е поттикната од недостаток на реакција и соодветно истражување на вакви инциденти – рече Блеријана Бино. – Ако ги запоставиме, или уште полошо толерираме и сметаме дека ваквите активности се „нормални“ тие ќе започнат да се повторуваат и ќе ја загрозуваат безбедноста на новинарите, нивното независно работење и целокупната слобода на медиумите во Албанија.

    Мрежа „SafeJournalists“ која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци на Западен Балкан, остро го осудува приведувањето на Елвис Хила и ја повикува Службата за внатрешни работи и останатите надлежните органи на полицијата темоелно да го истражат инцидентот, да ја утврдат одговорноста на припадниците на полициските сили во Лежа и да ги објават нивните наоди. Мрежата „SafeJournalists“ е загрижена од извештаите за зголемено непријателство кон новинарите од страна на претставниците на полицијата и ги повикува албанските власти да не ги опструираат новинарите, туку да обезбедат безбедно опкружување за нив. Ја поздравуваме реакцијата на присутните новинари кои стоеја крај нивниот колега Хила и ја демонстрираа моќта на солидарноста.

    Мрежата „ SafeJournalists “ќе ги информира релевантните национални и меѓународни заинтересирани страни за овој случај.

    Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 22.06.2020 година

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинарите на Македонија

    Здружение на новинари во БХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независно здружение на новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора