Home Blog Page 21

„Вистина, лаги и лајкови“ – главна тема на вториот Истражувачки филмски фестивал Скопје

0

СКОПЈЕ, 10.10.2018 – Со големо задоволство ви го најавуваме второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје, кој ќе се одржи од 25 до 27 октомври во Кино Култура. Водечка тема ќе биде „Truth, lies & likes/„Вистината, лагите и лајковите“.

Ако порано „лагата шеташе половина свет, додека вистината уште ги облекуваше чевлите“, денес технологијата ѝ дава инстант билет на лагата до секоја точка на Земјата, додека вистината уште се бори да игра по старите правила во новата дигитална ера. Заедно со низа позитивни аспекти и безброј можности, онлајн-сферата донесе и феномени како лажните вести, отворено поле за политичка пропаганда, манипулации, спинови и уште полесно наметнување на разните агенди од центрите на моќ. Борбата за јавниот интерес и потрагата по вистината како главна мисија на новинарството, стануваат сѐ потешки.

Големиот интерес на публиката за дебатата на првото издание на фестивалот „Македонија и феноменот на лажни вести“ ни покажа дека иако секој има различно видување за тоа што е вистина, сепак многумина сме обединети во желбата да ја пронајдеме.

Затоа, второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје ја разгледува вечната борба за превласт меѓу вистината и лагата, која кулминира во дигиталниот 21 век. Фестивалот го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи и партнерите ФЕС – Скопје.

Започнуваме со Џејн Литвиненко (Jane Lytvynenko) од BuzzFeed News, со која ќе ги бараме начините за дознавање на вистината и справување во дигиталниот универзум преку проверка на фактите.  Првиот фестивалски ден ни го носи и истражувачкиот документарец на британската телевизија „Channel 4, Inside Facebook: Secrets of the Social Network“, овозможувајќи ни редок увид зад кулисите на социјалната мрежа, во светот на модераторите кои одлучуваат меѓу цензура и слобода на говор на омраза.

На второто издание на ИФФС, за прв пат имаме и претставник на Google, Daniel Rzasa од нивната програма Google News Lab, кој ќе ги претстави можностите што најновите дигитални алатки им ги нудат на современите новинари. Новинарската лабораторија на „Гугл“ е тим кој е дел од Google News Initiative чија мисија е да соработува со новинарите и медиумските претприемачи за да придонесе во иновацијата во новинарството.

Годинава ИФФС ќе пречека и тројца врвни истражувачки новинари од Германија, Анете Довидајт (Anette Dowideit) од Welt, Фолкер Штајнхоф (Volker Steinhoff) од најстариот истражувачки ТВ-магазин Panorama и Оливер Шром (Oliver Schröm), главен уредник на CORRECT!V, со кои ќе разговараме за предизвиците со кои се соочува истражувачкото новинарство во Германија, како и опасноста од ширење лажни вести и дезинформации во Европа.

Со истражувачкиот новинар Карло Бонини (Carlo Bonini) од италијанскиот весник „Ла Република“ и Мат Сарнецки (Matt Sarnecki), продуцент од The Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP) ќе го разгледаме сериозниот ризик кој ги следи новинарите во секоја нова потрага по вистината и ќе разговараме за безбедноста на новинарите во Европа. Бонини и Сарнецки ќе ги претстават документарните филмови „Дафне“ за убиството на новинаркатаод Малта, Дафне Каруана Галиција и „Убивајќи го Павел“ („Killing Pavel“), посветен на проблематичната полициска истрага за убиството на белорускиот новинар Павел Шеремет.

Годинава ИФФС ја носи и успешната приказна на хрватскиот портал Lupiga, каде новинарите Ивор Цар и Ладислав Томичиќ ќе говорат за успехот на нивната crowdfunding кампања, во која успеаја да соберат повеќе од 42.000 долари од своите читатели како финансиска поддршка за понатамошно независно функционирање на нивниот медиум.

Вториот фестивалски ден е македонски ден – посветен на медиумите и новинарството во Македонија и предизвиците на домашен терен. Ќе се обиде да продре во актуелното прашање за власта и пиарот на социјалните мрежи, каде новинари и медиумски личности ќе дискутираат со претставник од владиниот пиар. Ќе ги разгледаме и задачите што им претстојат на новите генерации истражувачки новинари кај нас и ќе поразговараме со помлади, но и поискусни познати новинари од Македонија, кои секојдневно работат на доближување на вистината до граѓаните. Покрај документарците на СКУП и „Кадар“, ќе ја видиме и велешката бајка „Fake News Fairytale“ на лондонската режисерка Кејт Стоунхил (Kate Stonehill). Од успешната домашна приказна за кратки видеа „Види Вака“ ќе ни раскажат како во една минута да ја освоите публиката на социјалните мрежи.

Влезот за сите настани ќе биде бесплатен, а целосната програма и сите детали за настаните на ИФФС2 ќе бидат објавени наскоро. Партнери на ПИНА во организација на фестивалот се Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje Office, со чија поддршка се реализираат настаните во трите фестивалски денови.

Дисциплинска за попречување новинар да известува од референдумот

0

СКОПЈЕ, 05.10.2018 – Претставници на Здружението на новинари на Македонија, денеска се сретнаa со претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. На средбата се разговараше за подобрување на практиката на известување за време на избори.

Претседателот Селмани истакна дека за време на референдумот медиумите известуваа слободно од процесот на гласање, со исклучок на инцидентот во Куманово, каде претседател на избирачки одбор ги спречил новинарите да сликаат на гласачко место.

Селмани рече дека ДИК не треба да има надлежност да го оценува известувањето на интернет порталите за изборна кампања. Заеднички беше констатирано дека тие одредби од Изборниот законик се неспроведливи.

Претседателот на ДИК Дерковски вети дека Комисијата ќе покрене дисциплинска одговорност против лицето што попречувалo новинар да известува од избирачко место во Куманово.

Двете страни изразија подготвеност да соработуваат за едукација на новинарите и членовите на изборните тела во врска со правата и обврските на медиумите за време на избори.

Осуда на повикот за силување на новинарката Хопкинс

0

СКОПЈЕ, 03.10.2018 – Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на независни новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија остро го осудуваат повикот за насилство на лицето Цветин Чилиманов, вработен како новинар во Македонската информативна агенција, кој вчера преку Твитер побара од македонските таксисти да ја силуваат новинарката Валери Хопкинс кога ќе се качи во нивното возило затоа што не му се допаѓаат нејзините текстови за состојбата во Македонија.

ЗНМ, ССНМ и СЕММ оценуваат дека ваквите примитивни закани не се вперени само против колешката Хопкинс, туку кон целата новинарска заедница и имаат за цел да ги застрашуваат новинарите критички да не ги опсервираат политичките процеси.

Заканите со силување на Хопкинс се одлика на тоталитарната свест од најцрните денови на европската историја, кое вклучува и користење и насилство во справување со неистомислениците.

Го потсетуваме Чилиманов, кој воедно е и потпретседател на МАН и беше член од ад хок комисијата на изборите во 2016 година, предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, дека повикувањето на насилство претставува тешко прекршување на новинарските стандарди и ја нарушува новинарската солидарност. Со вакви непримерни испади се дискредитира целата новинарска заедница и новинарството воопшто како професија, која треба да негува толеранцијата и меѓусебното разбирање.

Наведувањето на други лица да силуваат новинарка во ниеден случај не може да се смета како слобода на изразување, туку претставува нејзино негирање во најбрутална можна форма. Вакво непримерно комуницирање со јавноста не ужива заштита од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој за повикување на насилство и говор на омраза одобрува дури и затворска санкција.

Ги повикуваме македонските институции веднаш да го истражат случајот и да го повикаат на одговорност Чилиманов затоа што ваквото силеџиство во јавниот дискурс мора да престане еднаш засекогаш.

Хрватското здружение на новинари испрати отворено писмо – апел за слобода на новинарството

0

ЗАГРЕБ, 01.10.2018. – По повод неочекуваното разрешување на Хрвоје Зовко и актуелната состојба на Хрватската радиотелевизија, Хрватското новинарско здружение испрати отворено писмо до домашните и меѓународните институции и организации кои се бават со заштита на медиумите.

Во прилог е писмото кое беше испратено:

Zagreb, October 1st 2018

To:                                                                               

CROATIAN PARLIAMENT

GOVERNMENT OF THE REPUBLIC OF CROATIA

MINISTRY OF CULTURE

EUROPEAN FEDERATION OF JOURNALISTS

INTERNATIONAL FEDERATION OF JOURNALISTS

ORGANIZATION FOR SECURITY AND CO-OPERATION IN EUROPE

EUROPEAN COMMISSION

EUROPEAN COUNCIL

EUROPEAN PARLIAMENT

AMBASSADORS OF EU COUNTRY MEMBERS IN CROATIA

ROYAL NORWEGIAN EMBASSY IN CROATIA

EMBASSY OF CANADA IN CROATIA

EMBASSY OF JAPAN IN CROATIA

EMBASSY OF SWITZERLAND IN CROATIA

EMBASSY OF THE UNITED STATES OF AMERICA

 

 OPEN LETTER – CJA’S APPEAL FOR FREEDOM OF JOURNALISM

 

We kindly ask you to publicly intercede and thus show support to Hrvoje Zovko, now former editor-in-chief of HTV4, one of the news channels of the Croatian Radiotelevision (HRT), and the current President of the Croatian Journalists’ Association (CJA/HND), and to stop the intimidation, censorship and arbitrariness which the HRT Board carries out in this public company, directly destroying professional journalism.

Colleague Zovko has been dismissed for pointing out censorship and the inability to carry out his work responsibly and professionally. Rather than taking into serious consideration the content of Zovko’s resignation as editor-in-chief, in which he warned of censorship, HRT’s leadership went into retaliation directed at CJA, whose branch present on HRT had previously repeatedly pointed to irregularities and violations of professional journalistic standards.

Resigning, Hrvoje Zovko verbally clashed with his superior, Katarina Periša Čakarun, HRT’s Information Media Service manager. The public television service used the conflict with Zovko’s superior to impose an unjustifiably severe measure of extraordinary dismissal, deciding to completely ignore his right to express the opposite opinion. This is a practice inherent in authoritarian regimes, which democratic societies cannot and should not tolerate.

The CJA president tried to fight for maintaining professional standards of journalism in his own workplace and was “rewarded” by sanction for verbal delict.

Colleague Zovko has been on public television for 21 years, during which he has never received an oral or written admonishment about his work. He was informed of the dismissal through the media, and before he was handed a written document stating that his employment was terminated, his official email address was already canceled.

Immediately upon receiving the information on the President’s outstanding dismissal, CJA filed an official request to the Information, Informatization and Media Committee of the Croatian Parliament, to put the case on the agenda of their session and to enable the representatives of the CJA’s Executive Committee to attend the session and further explain the situation. Most of the members of the Committee of the Parliament rejected the debate on intimidation of journalists on HRT and systematic destruction of public media services, putting it down to an issue of “working dispute” in which they “do not want to interfere”. Amongst the external members of this Committee, who are elected from the ranks of members of the journalist profession, after a long time, there are no representatives of the journalist professionals, due to the will of the ruling party and the opposition. In this way, the voice of our profession is silenced even in this body.

As an additional paradox, the findings in the report of the former, abruptly dismissed HRT Supervisory Board from 2016, which warn of numerous irregularities and possible illegalities in the work and operations of the Management Board, were declared a “business secret” at the request of that same Management Board. The parliamentary majority refuses to lift the “business secret” seal on this document, despite the fact that HRT is financed by Croatian citizens’ money and that these same citizens have a right to know if the business decisions of the Administration are in accordance with the laws.

The public is increasingly posing the question whether public television, as it currently stands, makes sense. If something does not change very quickly, under such circumstances, its existence will become absurd. Will the legislator, the institutions in charge, and in particular, the Ministry of Culture, continue to passively observe how the existence of HRT, whose task is to inform and educate, becomes irrelevant? If HRT in such form becomes an obstacle, instead of presenting an open path towards a free society, those who set the legal framework and are responsible for their functioning, will have to finally answer the question related to their ability to cope with the existence of public media, as a sign of serious democratic achievement.

We strongly consider that due to the circumstances of the dismissal of the CJA President and the alarming situation at HRT, an urgent public response is an utmost requirement, to prevent the evident collapse of the profession of journalism and in this, we ask for your help.

 

On behalf of Croatian Journalists’ Association,

Slavica Lukić, vice president

Denis Romac, vice president

ЗНМ и УНДП организираа обука за новинари на тема: „Слободни и еднакви / Инклузивно известување за човековите права и различности“

0

СКОПЈЕ, 10.01.2018 – Здружението на новинарите на Македонија во соработка со УНДП, во Велес, организираа тридневна работилница за новинари на тема: „Слободни и еднакви/Инклузивно известување за човековите права и различности“.

Главен заклучок на работилницата беше дека новинарите треба да ги почитуваат човековите права и етичките норми и да се воздржат од дискриминација и говор на омраза посебно кон маргинализираните заедници.

Предавачите на работилницата Марина Тунева и Ирена Цветковиќ, укажаа дека некои медиуми во земјава ги прекршуваат основните човекови права, особено кон маргинализираните заедници, ширејќи говор на омраза и дискриминација. Притоа, заеднички беше констатирано дека е неопходен систематски ангажман на регулаторните и саморегулаторните тела за воспоставување пристојност во продукцијата на теми поврзани со ЛГТБ заедницата.

Според Марина Тунева од Институтот за комуникациски студии и директор на Советот за етика во медиумите, медиумите имаат многу важна улога во менувањето на перцепциите и градењето на ставовите на јавноста околу значајни прашања од јавен интерес. „Новинарите во своите медиумски написи треба да помогнат да се надминат некои видови информирања што не се пожелни, кои значат стереотипизирање на ЛГБТ популацијата во земјава. Тоа значи да не известуваат со ограничени извори на информации, изборот на теми да биде поширок и да не биде сервисно информирање само од настани што ги организирале“, истакна Тунева.

Ирена Цветковиќ пак истакна дека граѓанските организации единствено во соработка со медиумите можат да придонесат кон поинклузивно, демократско известување во медиумите особено кога се известува за теми поврзани со маргинализираните групи во заедницата. „Ние од Коалицијата „Маргини“ силно веруваме дека медиумите се нашиот клучен партнер во нашата цел, а тоа е менување на општеството и градење на демократско општество, чиишто принципи почиваат на слобода и еднаквост за сите“, рече Цветковиќ.

Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски, најави дека за наредниот месец е планирано да се испечати прирачник за етичко известување за различностите и тој ќе биде достапен на три јазици (македонски, албански и англиски) за новинарите од државата.

Претставници на ЗНМ се сретнаа со Високиот претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите

0

СКОПЈЕ, 18.09.2018 – Претставници на Здружението на новинарите на Македонија, претседателот Насер Селмани и директорот Драган Секуловски, вчера во Скопје се сретнаа со Високиот претставник за слободата на медиумите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Харлем Дезир.

На средбата беше разговарано за безбедноста на новинарите, медиумската регулатива како и за реформата во Македонската радио-телевизија.

Претседателот на ЗНМ, Селмани го информираше Г-динот Дезир за безбедноста на новинарите која последната година се подобрува затоа што бројот на напади е драстично намален, а годинава за прв пат судот изрече затворска казна од шест месеци за граѓанин кој лани на протест физички нападнал двајца новинари.

Селмани изрази загриженост што во Македонија продолжува политиката на неказнивост на напади на новинари. Од околу шеесет напади, кои се случиле во изминатите шест години, 13 напади воопшто не се расветлени, а за останатите истрагата се’ уште е на самиот почеток.

Тој се пожали дека има лоша пракса полицијата да приведува новинари во полициска станица без некоја сериозна причина, а притоа МВР не води истрага за да ги утврди околностите под кои се приведени новинарите. Тој рече дека во демократски земји слободата на медиумите не може да се ограничи со арбитрарни одлуки на полициски службеници.

Во врска со измената на законската регулатива, Селмани ја поздрави подготвеноста на Владата, после референдумот, да ги повлече спорните измени на Изборниот законик и побара експертска помош од Високиот претставник во процесот на измена на медиумското законодавство, со цел законите да бидат во согласност со европските стандарди.

Претседателот на ЗНМ се заложи и за сериозна реформа во Македонската радио-телевизија, која ќе помогне да се подобри квалитетот на известување на медиумите за прашања поврзани со животот на граѓаните и нивната благосостојба.

Високиот претставник на ОБСЕ вети дека одблизу ќе ги следи состојбите со слободата на медиумите во Македонија и дека ќе соработува со македонските власти со цел да се адресираат сите грижи на македонските новинари.

Поздравена е затворската казна за напаѓачот на новинарите од А1oн

0

СКОПЈЕ, 11.09.2018 – Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на Основен суд Скопје 1,  со која напаѓачот на новинарската екипа на А1он, лани на протестите на движењето „За заедничка Македонија“, Матија Каников, го осуди со шест месеци затвор.

Оваа пресуда на судијата Марија Клетничка-Марковска од Кривичниот суд е прва со која напаѓач на новинар е осуден на затворска казна и со тоа ја прекинува политиката не неказнивост за напади на новинари. Пресудата праќа јасна порака дека системот нема да толерира насилство врз новинарите и дека секој што ќе нападне во иднина ќе биде брзо откриен и изведен пред лицето на правдата.

Во исто време, пресудата ќе влијае позитивно и на зголемување на безбедноста на новинарите, која е основен предуслов за да можат тие слободно и без страв да ја вршат нивната новинарска професија во интерес на граѓаните.  Со тоа системот покажува дека ги штити основните човекови права и слободи, како што е слободата на говорот.

Ваквата пресуда претставува и добар пример што треба да ја следат и другите судии, поефикасно да ги решат другите предмети за напади на новинари.

Го охрабруваме Основното Јавно Обвинителство да ги забрзаат истрагите за сите напади на новинари со цел насилниците да се изведат пред лицето на правдата.

Општинското финансирање на медиуми – скриено субвенционирање и влијание

0

Дел од општините доделуваат финансиски средства во медиумите за медиумски простор, но и за информирање и следење на нивните активности, покажуваат последните податоци во медиумите. Општините треба да престанат да одвојуваат средства за купување рекламен простор како форма на скриено субвенционирање кое неизбежно води кон влијание врз нив, предупредуваат познавачите.

Најмалку четири општини лани и годинава исплатиле средства во повеќе медиуми за медиумски простор, како и за информирање за редовните активности на општината. Според податоците на агенцијата Макфакс, општините Гостивар, Тетово, Кавадарци и Куманово имале исплати на финансиски средства кон различни локални комерцијални медиуми, додека општина Струмица одговорила дека тие не предвиделе пари за доделување на приватни медиуми за 2017 и 2018 година.

Ваквата пракса треба да престане поради тоа што отвора можности за влијание врз медиумите, велат познавачите. Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми вели дека општините треба да престанат да одвојуваат средства за купување рекламен простор, како форма на скриено субвенционирање, дури и да не е планирано и да е со најдобра намера, бидејќи тоа има неизбежното влијание врз работата на локалните медиуми, вклучително и начинот на кој известуваат.

„Македонскиот медиумски пазар е презаситен и потфинансиран, односно, далеку од можноста само од комерцијални активности да се издржуваат околу 120 радиодифузери, 15-тина печатени изданија и онлајн медиуми (информативни или забавни) на кои безмалку и не им се знае бројот.

Серија структурни проблеми – од големината на достапните рекламни колачи до начинот на кој се распределуваат, преку амбициите и намерата на сопствениците да ги користат своите медиуми за поддршка на своите други деловни потфати, главно пристап до тендерите за јавни набавки од најразличен вид, преку структурата на рекламната индустрија и потребите на нашите огласувачи – ги прават медиумите ранливи дури и на најмал економски притисок, при што за нивни услови големите суми со кои располагаат разни нивоа на организација на власта (во овој случај, локалната самоуправа се преголем предизвик и огромно искушение. Особено ако знаеме дека добар дел од таквите пари се достапни во форма на договори за „промоција на активностите на општината“ или слично формулирани основи, што во старт упатува на можноста за влијание“, вели Георгиевски.

Тој потенцира дека за да се помогне процесот на консолидација на пазарот и негово сведување на бројот и видовите на медиуми што тој објективно може да ги поддржи, треба да се елиминира пристапот до сите непазарни и некомерцијални приходни линии.

Според податоците на агенцијата, Општина Гостивар лани дала околу 30 илјади евра во дваесетина медиуми, додека во 2018 предвидела околу 32 илјади евра. Општина Тетово лани и годинава предвидела околу 10 илјади евра, општина Куманово лани исплатила околу 31 илјади евра, а годинава предвидела околу 32 илјади евра. Според овие податоци, Општина Кавадарци лани предвидела 35 илјади евра за ставката за ТВ и радио, додека годинава предвиделе околу 11 илјади евра.

Општините информираат дека средствата најчесто се наменети за медиумско покривање на настани и активности поврзани со работата на општината, како и тековни случувања кои се однесуваат на тие теми, што е всушност дел од секојдневната работа на медиумите.

„Дел од општините со едни податоци за медиумите, други за граѓанските организации

Две општини дадоа целосно различни податоци во одговорите за медиумите, а различни одговори на Барањата за слободен пристап до информации кои ги пратило Здружението на новинарите на Македонија, информираат оттаму.

Во податоците кои ги објави агенцијата Макфакс, општина Струмица одговорила дека тие не предвиделе пари за доделување на приватни медиуми за 2017 и 2018 година, додека општина Кавадарци одговорила дека тие лани предвиделе 2.200.000 денари под ставката постапка за ТВ и радио, а годинава за таа ставка предвиделе 700.000 денари.

Од ЗНМ пак информираат дека до нив во одговор на слично Барање за информации, општина Кавадарци одговорила дека од буџетот за 2018 година има предвидено 1.956.582 денари под ставката постапка за тв и радио.

Од општина Струмица пак, на ЗНМ им одговориле дека тие за разни намени во медиумите во периодот јануари-јуни 2018 година имале потрошени 593.540 денари.

Ги прашавме двете општини на што се должат ваквите разлики во одговорите испратени до медиумите и невладините.

Од Општина Струмица сега велат дека тие во Буџетот, како за 2017 година, така и за 2018 година во ставката Тековни резерви (разновидни расходи) имале предвидено 1.600.000 денари, финансиски средства за плаќање на тековни обврски по фактури што значи дека овие средства се користат за намирување на обврски по последователни склучени договори со медиумите, а не на однапред планирани обврски.

„Поради сето погоре наведено, како и поради фактот што ЗНМ во своето барање прашуваат колку пари од буџетот на општината се потрошени, а не колку пари има предвидено општината за доделување на приватни медиуми (како што е наведено во Вашето прашање), се должи разликата во одговорите“, велат оттаму.

Од општина Кавадарци со сличен одговор, велат дека различните податоци биле дадени бидејќи прашањата биле различно поставени.

„ЗНМ имаат формулирано едно сосема поразлично прашање кое освен овие три работи вклучува и разни намени, како огласи, весници и слично, затоа е и таа разлика во буџетот. Одговараме на две сосема различни прашања“, велат оттаму.

Но сепак, нејасно е зошто има разлики во нивните одговори бидејќи со прашањата испратени до нив во Барањето за сторијата објавена на Макфакс исто така се бараат сите средства кои тие ги доделиле на медиумите, односно колку пари за лани и годинава предвиделе за доделување на приватни медиуми и колку од парите биле реализирани, како и за што конкретно биле наменети овие средства. Исто така и кои медиуми и по колку финансиски средства добиле, како и врз основа на кои критериуми биле доделувани парите.

Од ЗНМ велат дека тие за случајот ќе поднесат жалби до Комисијата за Заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

„ЗНМ испрати 81 барање до општините според Законот за слободен пристап каде прашува колку пари тие давале за услуги на медиумите и новинарите во првата половина до 2018 година и колку планираат да дадат до крајот на годината со цел да имаме годишен пресек. Податоците ги анализираме, но од тоа што во моментов го знаеме е дека повеќе од половина општини ги финансираат локалните и регионалните медиуми, иако Владата донесе одлука за забрана за јавни кампањи.

Третина од општините се уште немаат одговорено во рамки на законскиот рок, а дел од општините кога ќе се споредат бројките што ги има ЗНМ и оние кои ги објавија некои медиуми, лажат дека не даваат средства на медиумите односно дека даваат помалку, како што е примерот со општина Струмица и Кавадарци. За ова, но и за неодговарањето на дел од општините ќе поднесеме претставки до Комисијата во моментот кога таа ќе биде функционална, зошто од мај 2018 година истата функционира само со два члена од предвидените пет и нема кворум за работа со што се оневозможуваат граѓаните да се жалат во случај кога администрацијата молчи или дава податок за кој постои сомнеж дека не е точен“, истакна директорот на ЗНМ, Драган Секуловски.

Комисијата во моментот ги прима жалбите на засегнатите граѓани преку стручните служби, и постапуваат по предметите со предлог решенија, но не можат да донесат конечни решенија поради тоа што таа не е во полн капацитет.

ЗНМ годинава потпиша Меморандум за соработка со КОМПСИ за да се подобри нивната соработка со новинарите. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, јавно го повика Собранието на РМ да ги избере и преостанатите членови на Комисијата за таа конечно да биде во целосен состав и да биде функционална, но за тоа се уште нема слух.

Оваа активност е дел од проектот „Регионалната Платформа на западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност“. Содржината на оваа анализа е единствена одговорност на Здружението на новинарите на Македонија и на авторите и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Кристина Озимец, новинар

17 август 2018 година, Скопје

ЗНМ лобира кај дипломатите против политичкото рекламирање во медиумите

0

СКОПЈЕ, 16.08.2018 – Претставници на Здружението на новинарите на Македонија вчера и денеска се сретнаa со дипломати акредитирани во Скопје. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани и директорот Драган Секуловски имаа одвоени средби со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Лукаш Холуб, како и со политичкиот советник во американската амбасада Пол Граден.

На сите средби претседателот на ЗНМ изрази голема загриженост за последните измени на Изборниот законик за легализација на политичката пропаганда во медиумите со јавни пари и индиректна регулација на онлајн медиумите, кои ќе имаат негативен ефект врз слободата на медиумите. sredba-so-holub

Селмани на соговорниците им објасни дека владата и опозицијата сакаат со јавни пари да водат политичка пропаганда во медиумите за време на изборна кампања и со тоа да го вратат стариот коруптивен систем меѓу политиката и сопствениците на медиумите од времето на режимот на Груевски. Тој смета дека парите што медиумите ќе ги добиваат од партиите за објавување политичка пропаганда ќе ги направи медиумите финансиски зависни, а тоа ќе влијае врз нивната уредувачка политика.

Тој ги повика дипломатите да се заложат кај владата после референдумот да се повлече можноста јавни пари да се користат за политичка пропаганда и да се отстрани можноста Државната изборна комисија да ги регистрира и казнува онлајн медиумите за време на изборна кампања или референдуми.39213565_617004622027709_4532016170382917632_n

Претставниците на ЗНМ со дипломатите разговараа и за неефикасноста на обвинителството и судот за брзо и ефикасно процесуирање на нападите врз новинарите. Освен тоа, тие сметаат дека јавните повици на високи претставници на власта до раководството на Македонската радио телевизија да поднесе оставка е контрапродуктивно и не придонесува за реформа на јавниот сервис.