Регионална платформа: Косовската полицијата треба веднаш да го истражи вандализмот во канцелариите на Здружението на новинарите на Косово

    0
    14

    Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која претставува повеќе од 8000 членови, остро го осудува вандализмот во канцелариите на Здружението на новинарите на Косово (ЗНК) од страна на непознати лица во петокот, на 6 декември 2019 година во Приштина.

    Тој ден, непознати лица извршиле провала во канцелариите на Здружението на новинарите на Косово, во зградата на јавното претпријатие за домување на улицата „Перандори Јустинијан“ во Приштина. Во провалата била украдена опрема за работа: фото-апарат, камера, телевизор и лаптоп, а исто така биле украдени и помала сума на пари и други вредни работи.

    За случајот била известена косовската полиција и форензичкиот тим веднаш дошол на местото на злосторството за потребната истрага. ЗНК сè уште нема добиено дополнителни информации од полицијата во врска со истражните постапки. Канцеларијата на Здружението на новинарите на Косово се наоѓа веднаш до Катедралата во центарот Приштина, која е опкружена со безбедносни камери, како и рестораните и кафулињата во близина на канцелариите.

    Регионалната платформа го поддржува Здружението на новинарите на Косово кое повика на брза акција на косовската полиција и релевантните власти во земјата за што поскоро да се најдат осомничените лица. И покрај случајот, платформата го охрабрува Здружението да продолжи да ја исполнува својата мисија за заштита на работата на новинарите, новинарството и медиумските активности. Ова кривично дело е недозволиво за едно демократско општество и затоа надлежните органи треба да го расчистат случајот колку што е можно поскоро.

    Секој напад врз новинар е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 10.12.2019.

    Здружение на новинари во БХ

    Синдикат на медиуми на Црна Гора

    Здружение на новинари на Хрватска

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинарите на Македонија

    Независно здружение на новинари на Србија