РЕГИОНАЛНА ПЛАТФОРМА: Стоп за кампањата против N1 телевизија во Србија

    0
    23

    Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување во слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која претставува повеќе од 8000 членови, остро го осудува алармантното проширување на притисоците и заплашувањата извршени против Н1 телевизијата, нејзиниот уредник Југослав Ќосиќ и новинарот Миодраг Совиљ од државните службеници и провладини медиуми.

    Н1 редовно е на мета на претседателот Александар Вучиќ, неговите блиски соработници и про-владините медиуми кои шират дезинформации за телевизијата, поттикнувајќи непријателско опкружување за новинарите. Од почетокот на 2019 година, Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) забележа 27 инциденти против Н1, вклучувајќи два физички напади и три вербални закани. Останатите случаи вклучуваат различни видови на притисок како што се јавно заплашување и етикетирање, негативни кампањи, но исто така дистрибуираат и летоци во кои се вели дека Н1 е странски медиуми, а Ќосиќ е „платен лобист за Косово“. Ова доведе до ситуација законскиот застапник на уредникот на Н1 Југослав Ќосиќ да најави дека ќе биде побарана официјална проценка за безбедноста на Ќосиќ.

    Најновиот бран на јавни напади го наведува Миодраг Совиљ како главна причина за завршувањето во болница на претседателот Александар Вучиќ. Во петокот, 15 ноември, Вучиќ одржа прес-конференција на која Совиљ се обиде да добие одговори во врска со тековната афера за трговија со оружје, поврзана со министерот за внатрешни работи. Неколку часа подоцна, Вучиќ беше примен во болницата на воената академија. Следеше бран напади против Совиљ.

    „Ситуацијата излегува од контрола – сега новинар кој се осмели да постави прашања од јавен интерес е јавно обвинет за влошување на здравјето на претседателот“ – рече Жељко Бодрозиќ, претседател на НУНС и додаде дека недостатокот на реакции од властите е алармантен. „Нема осуда за таквата реторика, туку сосема спротивното. Наместо да зборуваат против тоа и да се обидат да се смири ситуацијата, највисоките службеници честопати се извор на заплашување и ја охрабруваат таквата реторика“, рече тој.

    Регионалната платформа го поддржува НУНС во неговите напори да ги заштити новинарите и слободата на медиумите и ги повикува највисоките службеници да престанат да произведуваат и шират дезинформации за Н1, нејзините новинари и сите известувања од медиумите кои работат во интерес на јавноста. Релевантните власти треба да ги испитаат сите форми на заплашување и закани и да се осигураат дека сторителите се соодветно казнети за да го обезбедат толку потребниот ефект на одвраќање.

    Секој напад врз новинар е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 19.11.2019 година

    Здружение на новинари во БХ

    Синдикат на медиуми на Црна Гора

    Здружение на новинари на Хрватска

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Независно здружение на новинари на Србија